Селекцијата на Португалија ја совлада Швајцарија во последниот натпревар од осминафиналето на СП во Катар со резултат 6:1 и со тоа закажа четвртфинален дуел со Мароко.
Гонсало Рамос беше херој на селекцијата на Португалија со 3 постигнати гола на оваа среба, а првата ѕвезда Кристијано Роналдо доби шанса за настап во последните 20 минути од натпреварот.
Претходно репрезентацијата на Мароко по подобро изведување на пенали (3:0) ја елиминираше Шпанија и се пласираше во четвртфинале. Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, а во пенал серијата мароко беше супериорен и ја елиминираше Шпанија која во групната фаза бираше и го одбра Мароко за противник, а тоа им се врати со оваа елиминација.
Дуелот меѓу Португалија и Мароко од четврфиналето на СП во Катар ќе се игра на 10.декември од 16 часот.