Репрезентативците на Португалија, Нуно Мендеш и Данило Переира го напуштија кампот на тимот во Катар. Двајцата сигурно нема да можат да и помогнат на Португалија до крајот на Светското првенство.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен се повредија за време на турнирот и нема да можат навреме да се опорават за да му бидат на располагање на тренерот Фернандо Сантош.
Двојката се надеваше дека ќе остане со своите соиграчи, но по преговорите меѓу португалската федерација и раководството на ПСЖ, беше донесена одлука да се вратат во Франција.