Одбојкарите на Македонија кои третпат во низа ќе играат на Европско првенство денеска ќе ги дознаат противниците за првата групна фаза. Ждрепката е закажана во Неапол од 17 часот. Бидејќи Македонија ја доби честа да биде коорганизатор на престижниот настан заедно со Италија, Бугарија и Израел, нашата репрезентација е привилегирана и ќе биде извлечена од првиот шешир.
ШЕШИР 1: Италија, Бугарија, Македонија, Израел
ШЕШИР 2: Словенија, Полска, Србија, Холандија
ШЕШИР 3: Германија, Чешка, Франција, Украина
ШЕШИР 4: Турција, Финска, Белгија, Португалија
ШЕШИР 5: Грција, Шпанија, Романија, Швајцарија
ШЕШИР 6: Данска, Црна Гора, Естонија, Хрватска
На ЕП догодина од 28 август до 16 септември ќе учествуваат вкупно 24 земји. Македонија ќе биде домаќин на групата Ц, во Скопје. Во Италија ќе се играат групата А и сите мечеви во нокаут-фазата и тоа во Рим, Перуџа, Анкона, Бари и во Болоња, Бугарија ќе биде домаќин на групата Б во Варна а Израел на групата Д во Тел Авив.