Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија на 31 август од 12 часот ќе ги дознае противниците за квалификацискиот дел за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Ние заедно со Словачка, Црна Гора, Исланд, Белорусија, Летонија, Португалија и Шведска, последни обезбедивме место во квалификациите во кои директно ќе се приклучат: Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Белгија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Холандија, Русија, Шпанија, Турција и Украина.
Почетокот на квалификациите за Мундијалот во 2023 година ќе биде во ноември.