Напаѓачот на Атлетико, Луис Суарез има огромно влијание во настапот на неговиот тим оваа сезона во шпанската Ла Лига, покажува статистиката.
Последните 16 гола на Луис Суарез во Ла Лига му донеле на Атлетико Мадрид 21 бод. Вкупно, уругвајскиот напаѓач постигна 21 гол и направи три асистенции на 32 натпревари во Ла Лига. На вчерашниот натпревар против Ваљадолид, напаѓачот на Атлетико го постигна вториот гол на тимот од Мадрид. Исто така Суарез беше стрелец на победничкиот гоо на Атлетико Мадрид минатото коло кога напрваија пресврт на домашен терен против Осасуна. Атлетико освои 86 поени на 38 натпревари и ја освои титулата пред својот најблизок ривал Реал кој заостана два бода.
Атлетико стана шампион на Шпанија по 11-ти пат (1939/1940, 1940/1941, 1949/1950, 1950/1951, 1965/1966, 1969/1970, 1972/1973, 1976/1977, 1995/1996, 2013/2014) , 2020/2021).

