Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, вели дека крилниот напаѓач, Сон Хенг-Мин, има квалитети од светска класа.
„Тој е супер-ѕвезда и многу зависи од него. Тој е подготвен и да отпатува на другиот крај на светот за да игра за репрезентацијата на Кореја“ – изјавил Постекоглу.
Сон се пресели кај Тотенхем во 2015 година. Досега има 401 натпревар со ефект од 160 голови и 83 асистенции.