Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, ги пофали неговите избраници по убедливиот триумф кај Манчестер Јунајтед во рамките на Премиер-лигата.
„Мислам дека со пресингот што го направивме го разбивме противникот и ја презедовме контролата на теренот“ – вели Постекоглу.
„Секоја победа ни дава дополнителна самодоверба. Мислам дека мораме да останеме максимално фокусирани“- вели тренерот на „спарси“.

