Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, ја прокоментира тешката победа против Лутон во рамките на 8. коло во Премиер лигата.
„Одлично го започнавме натпреварот но, откако го добивме црвениот картон многу нешта се променија. Сепак одигравме добро и покажавме голема издржливост“ – вели тренерот на „спарси“.
„Играчите на секој меч сакаат да се докажат и да останат во трка за висок пласман. Така беше и денеска“ – вели Постекоглу.