Се зголемува бројот на фудбалски личности што имаат негативни коментари за ВАР системот откако речиси во континуитет, сме сведоци на нелогични одлуки на судиите по насока од ВАР собата.
Меѓу последните што реагираат во целата ситуација е менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу, кој изјави дека си ВАР не може да се отстрани во Англија и покрај серијата на критики.
„Не ми се допаѓа, ја менува играта. Се надевам, дека ќе го најдат вистинскиот начин да го направат тоа да функционира“ – потенцираше меѓу другото тренерот на „спарси“.