Менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу, го пофали настапот на неговите фудбалери на натпреварот од Лига Европа против Карабах. Англискиот тим остана без поцрвенетиот Раду Драгушин уште во воведот на мечот но, успеа да забележи сигурна победа од 3:0.
„Имавме проблеми со исклучувањето но, дури и со 10 играчи не престанавме да притискаме длабоко во противничката половина. Соланке беше едноставно фантастичен. Тој знае како да ја задржи топката и да нападне кон голот “ – вели Постекоглу.
„Спарси“ во наредната рунда во Лига Европа ќе излезат на мегдан со унгарскиот состав Ференцварош.

