Постигнат е договор околу спорот за тоа дали треба да се играат натпреварите во шпанската лига во петок и понеделник, објави весникот „Марка“.
Судот донесе пресуда дека првенствените натпревари може да се играат в петок, но не во понеделник. Сезоната во шпанската елита ќе започне следниот петок со дуелот помеѓу Атлетик (Билбао) и шампионот Барселона.
Натпреварот меѓу Мајорка и Еибар беше закажан за во понеделник, но по последната одлука на судот, ќе мора да се промени тој термин. Во спорот, „Ла Лига“ се спротивстави на Шпанската фудбалска федерација, која сметаше дека натпреварите треба да се играат само за време на викендите.
Весникот „АС“ коментира дека федерацијата на крај е победник во ситацијата – се согласи да има натпревари во петок, но ќе добие обештетување од 15 милиони евра.