Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Постигнат е договор: Игуаин и Калдара се селат во Милан, а Бонучи се враќа во Јувентус
    Фудбал

    Постигнат е договор: Игуаин и Калдара се селат во Милан, а Бонучи се враќа во Јувентус

    risteBy riste31/07/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Неколку дена се преговараше на релација Јувентус – Милан , а се беше одблокирано во преговорите откако Гонзало Игуаин се согласи на трансфер во Милан.

    Во целиот договор е вклучена и трампата меѓу Калдара и Бонучи, но и одредена сума на пари која треба да ја добие Јувентус. Главниот проблем бил околу платата која ја барал Игуаин, тој барал да добива 9 милиони евра годишно, за раслика од 7,5 милиони евра кои ги добиваше во Јувентус. Сепак околу тоа не дошло до договор, па Игуаин ќе ја има истата плата во Милан.

    Финалните преговори меѓу менаџерот на Игуаин, Николас инаку брат на Гонзало и спортскиот директор на Милан, Леонардо траеле до 3 часот по полноќ и завршиле успешно. Останува само еден момент спорен, а тоа е дали Игуаин ќе потпоше до 2022 или 2023 година. Актулениот договор со Јувентус му истекува во 2020 година. Договорено е тој да се пресели со позајмица во Милан за сума од 18 милиони евра, а наредната година Милан да го откупи за дополнителни 36 милиони евра. Ваквата формула за реализацијата на овој трансфер е направена поради проблемите со финансиски фер плеј кои ги има тимот од Милано.

    Исто така Лонардо Бонучи ќе се врати во Јувентус, а неговото место во Милан ќе го завземе Калдара, двајцата играчи беа проценети на сума меѓу 35-40 милиони евра, и јасно е дека Јувентус загуби неколку милиони евра бидејќи не ја прифати понудата на Челзи за калдара која беше со висина од 45 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.