Манчестер Јунајтед го финализираше трансферот на Хари Мегуаер. Ова го тврдат во еден глас повеќето водечките медиуми во Англија.
Договорот меѓу двата клуба беше постигнат утрово, со договор вреден 85 милиони фунти (ББС и Скај Спорт споменуваат сума од 80 милиони, додека Телеграф, каде за прв пат се појавија вестите, Мирор и Дејли Меил инсистира на 85 милиони). Ова значи дека Мегуаер ќе биде новиот најскап дефанзивец во светот, бидејќи ќе чини 10 милиони повеќе од досегашниот рекордер Вирџил ван Дајк, за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти).
Поголемиот дел од сумата ќе биде платена веднаш, а остатокот ќе биде во форма на бонуси. Сепак, сè уште не е јасно каква е нивната големина. Вчера се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед дал нова понуда.
Самиот Мегуаер беше оставен надвор од составот на Лестер за денешната контрола против Аталанта, што исто така посочи дека договорот ќе биде финализиран наскоро. Мегуаер ќе биде трето засилување на Оле Гунар Солскјер ова лето по Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака.
Останува 26-годишниот централен дефанзивец да ги помине медицинските прегледи, по што договорот ќе биде официјално објавен.