Вчера екипата на Челзи го победи Лестер со 3:1 на гостински терен, играјќи еден од своите подобри натпревари оваа сеозна. Ова беше трета последователна победа на „сините“, а менаџерот на тимот Греам Потер смета дека тимот се развива во добра насока.
„Испраќаме една добра недела. Трите победи сведочат за тоа дека тимот се развива во добра насока. Не е лесно против Лестер и денеска не беше исклучок. Шанси имаше и противникот и моравме да бидеме трпеливи. Сепак, го заслуживме успехот и задоволни сме“, изјави Потер по победата.
И покрај нивните неодамнешни добри резултати, Челзи останува на 10-тото место во табелата во Премиер лигата, со 11 бода зад екипите од ТОП 4.