Екипата на Челзи како лидер во групата Е во Лигата на фудбалските шампиони денеска ќе се појави кај австрискиот, Салцбург кој има бод помалку на второто место на табелата.
Победа за лондончани ќе значи пласман во нокаут фазата на турнирот. Тренерот на „сните“, Грим Потер, рече дека постои загриженост пред денешното гостување во Австрија.
„Групата е крајно компликувана. Мора да се бориме со голема мотивација“ – нагласи тренерот на англискиот состав.