Тренерот, Грем Потер, кој влезе во лоша серија со Челзи, верува дека до крајот на сезоната може да се избори за место кон врвот на табелата. Поточно, главан цел за „сините“ ќе биде обезбедување на виза за евро-конкуренцијата.
„Мора да реагираме на лошиот момент . Мора да се фокусираме на наредниот натпревар. Тоа започнува утре против Лидс“ – вели Потер.
Челзи засега има 31 бод и се наоѓа на 10 место на табелата со големо заостанување во однос на конкурентите кои се борат за излез во Европа.