Фудбалерите на Челзи влегоа во мини победничка серија во сите конкуренции а нивниот тренер, Грем Потер, вели дека посакуваните резултати се остварени со добра игра и со малку среќа.
„Ви треба среќа. Колку и да сте добри, значајно е да имате среќа. Не треба да чекате да се случи, мора да се борите за неа“ – вели тренерот на „сините“.
„По трите победи мораме да ја задржиме формата. Сега ни претстои меч со сериозен противник но, ќе одиме на нови три бода“ – изјави Потер пред денешниот дуел со Евертон во новото коло во Премиер-лигата.