На одржаната средба во Софија, Република Бугарија, потпишан е меморандум за соработка меѓу Агенција за млади и спорт на РСМ и Министерство за млади и спорт на РБ за соработка во областа на младите и спортот.
Со потпишување на меморандумот се зајакнуваат односите меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност. Покрај утврдените активности во оперативниот план од страна на Министерство за млади и спорт на РБ се предложи поддршка на Ултра Маратон кој ќе се одвива низ територијата на Бугарија, Северна Македонија и Албанија, стои во информацијата од АМС.
Од страна на Агенција за млади и спорт се предложи активноста за одржување на средношколски игри, кој ќе се одржат во Охрид со учество од над 600 учесници од двете земји.