Тенискиот судија, Антонио Каса, е суспендиран на 7 години и 6 месеци, откако се изјасни за виновен за корупција и прекршоци поврзани со обложувањето, објави Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA).
Бразилскиот судија исто така е казнет со 8.000 долари поради прекршување на тениската антикорупциска програма.
Дополнително, ќе му биде забрането да суди или да присуствува на кој било тениски настан до 27 јуни во 2031 година.