Нејмар ќе ги пропушти првите три натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите. Бразилецот е казнет од УЕФА поради критиките за судиите по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите минатата сезона.
Манчестер Јунајтед го елиминираше шампионот на Франција по пеналот кој беше досуден во судиското надополнување и тоа по видео анализата на ВАР системот.
По натпреварот , Нејмар ги нападна судиите на социјалните мрежи. УЕФА брзо го казни бразилецот со три натпревари, но ПСЖ поднесе жалба против одлуката. Обидот на францускиот шампион да ја намали санкцијата беше неуспешен и казната беше потврдена денес.
Се уште е нејасно дали Неамар ќе остане во ПСЖ. Бразилецот изрази желба да го напушти клубот и да се врати во Барселона. Реал Мадрид исто така е заинтересиран за него. Каде и да игра, тој ќе ги пропушти првите натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите.