Доцна синоќа, Јувентус и Милан и официјално ја објавија големата размена за која се пишуваше со денови. Леонардо Бонучи се враќа во дресот на шампионите по само една година помината на „Сан Сиро“, додека Матија Калдара и Гонзало Игуаин се нови фудбалери на „росонерите“. Додека Калдара е дел од размена со Бонучи, Игуаин доаѓа како позајмен фудбалер во дресот на Милан за сума од 18 милиони евра. Тоа значи дека на крајот на новата сезона, Милан ќе има право да го откупи договорот на Аргентинецот за сума од 36 милиони евра.
Бонучи помина само една сезона кај “црвено-црните” и повторно е фудбалер на шампионот, иако пред една година го напушти клубот по скандалот со тренерот Макс Алегри. Договорот на 31-годишниот дефанзивец е до 30 јуни 2023 година, а од Јуве најавија дека размената со Калдара е еквивалентна на 35 милиони евра.