Поразот од Мароко и испаѓањето во осминафиналето на СП во Катар, Шпаниј аќе бара нов селектор. Денеска од Шпанската федерација и официјално потврдија дека Луис Енрике веќе не е селектор на националниот тим.
„Шпанската федерација сака да му се заблагодари на Луис Енрике и на целиот негов стручен штаб за работата на чело на репрезентација во последните години. И претседателот Луис Рубиалес и спортскиот директор Хозе Франциско Молина му ја пренесоа на селекторот донесена одлука“, се вели во соопштението на Шпанската федерација.
Веќе од денеска Шпанците почнуваат во потрага по нов селектор. Како прв кандидат се споменува името на селекторот на младата репрезентација Луис де ла Фуенте.