Денеска ќе бидат одиграни последните мечеви во групите „Е“, „Ф“, „Г“ и „Х“ во Лигата на фудбалските шампиони. По нив ќе добиеме уште шест екипи кои ќе одат во фазата на елиминации.
Во „Е“ групата ќе играат Салцбург-Ливерпул и Наполи-Генк. Во групата „Ф“ ќе се сретнат Интер –Барселона и Борусија Дортмунд Славија Прага. Во групата „Г“ ќе играат Лион – РБ Лајпциг и Бенфика – Зенит додека во групата„Х“ ќе ги гледаме мечевите меѓу Челзи и Лил и Ајакс против Валенсија.
За сите денешни возбудувања во фудбалската елита на Стариот континент, слушајте на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

