По целата тортура низ која помина минатата година, Новак Ѓоковиќ оваа година ќе може да игра на УС Опен, четвртиот Грен слем во сезоната. Американските власти одлучија да ја укинат забраната за влез во Соединетите Американски Држави за лицата кои не биле вакцинирани против вирусот КОВИД-19.
Тоа значи дека за разлика од лани, оваа година на УС Опен ќе можеме да го гледаме првиот светски рекет кој пред два дена по десеттипат го освои Австралија опен.
Единствени Грен слем турнири на кои Србинот можеше да учествува лани беа Ролан Гарос и Вимблдон, а титулата ја освои во Велика Британија.