Ерлинг Халанд постигна еден гол, но не го доигра натпреварот во ФА Купот со Борнмут и беше повлечен по еден час игра. Норвежанецот го повреди зглобот и мораше да излезе и покрај тоа што се обиде да „стисне заби“, а неговата здравствената состојба носи нови проблеми за Пеп Гвардиола во сезоната исполнета се безброј тешки повреди.
Шпанскиот стручњак има шанси да остане без својот прв напаѓач во пресрет на пресудните два месеци во кои Сити ќе брка топ четири пласман и титула во ФА Купот, а деталните медицински прегледи на кој ќе подлегне ќе дадат повеќе информации за степенот на повредата.
Навивачите на Сити имаат големи причини за грижи и покрај пресврт победата на Борнмут со резултат 1:2, а причина е токму Халанд кој со патерици и ортопедска чизма си заминал од „Виталити“.
– Не знаеме каква е ситуацијата со Халанд, ќе мора да почекаме и да видиме какви ќе бидат тестовите, – изјави Гвардиола по победата од 1:2.

