Добра вест за навивачите на Реал Мадрид објавија медиумите во Мадрид. Повредата на Хамес Родригез е помала од првичните информации кои беа објавени.
Според првичните податоци, Колумбиецот требаше да биде надвор од игра 2-3 недели. Сепак, сега е јасно дека Родригез ќе го нема на теренот само осум дена.
Поради повредата, офанзивниот играч изрази желба да не се приклучи на селекцијата на Колумбија во претстојните натпревари со Венецуела и Бразил, со цел да се опорави од повредата и да може побргу да се врати во составот на Реал Мадрид.