Повредата на играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита не е серозна, и тој уште денеска ќе му се приклучи на тимот, објавија одклубот.
Фудбалерот беше изнесен на носилка во 19-та минута од натпреварот со Наполи минатата ноќ по еден судир со Лоренцо Инсиње.
Излезе дека болките во грбот и половината, не се сериозни, иако врз него беа направени медицински прегледи.
Неговото учество во дербито со Манчестер Сити во неделата не е исклучено, но веројатноста да настапи велат е многу мала.