Повредата на Лерој Сане најверојатно ќе биде многу посериозна отколку што беше првично објавено и скоро сигурно ќе го одложи трансферот на крилото од Манчестер Сити во Баерн Минхен, пишуваат германските медиуми.
23-годишниот играч се повреди за време на натпреварот од „Комјунити шилд купот“ против Ливерпул и беше принудно заменет. Во моментов, „граѓаните“ сè уште официјално не објавиле колку е сериозна повредата на фудбалерот.
Баерн итно сака да привлече крилен играч за да ги легенди Франк Рибери и Ариен Робен кои заминаа од клубот. Според одредени извори од Англија , Сане има повреда на коленото која ќе мора да се санира најмалку 6 месеци, а тоа значи дека неговиот трансфер во Баерн ќе пропадне.
Денес Лерој Сане ќе помине дополнителни испитувања и се очекува Манчестер конечно да излезе со официјален став за неговата состојба. Преодниот рок на Островот се затвора денес и ако Сити сака да ангажира замена за Сане, тоа мора да го стори за неколку часа. Сепак, клубот може да го продаде германскиот репрезентативец на Баерн до 2 септември, кога ќе го затвори трансфер периодот во Бундеслигата.