Плејмејкерот на Арсенал, Мартин Одегард се здоби со тешка повреда на натпреварот на Норвешка против Австрија од Лигата на нации. Капитенот на лондончани не можеше да го заврши натпреварот и беше принуден да биде заменет.
Најпрво се мислеше дека проблемите на Одегард не се толку сериозни, но денес се појавија вознемирувачки слики.
Норвежанецот е фотографиран како се шета со помош на патерици, што значи дека неговата повреда на зглобот не е воошто наивна.
Се очекува до крајот на денот фудбалерот да биде детално прегледан од медицинскиот тим на Арсенал по што ќе стане јасно каква точно е дијагнозата за Одегард кој дефинитивно го пропушта лондонското дерби против Тотенхем викендов.

