Бараж средбата од полуфиналето на Лигата на нации меѓу Македонија и Косово која требаше да се игра во март, па во јуни, конечно го доби терминот за одигрување.
Нашите репрезентативци во рамки од полуфиналето во Скопје треба да ја пречекаат селекцијата на Косово, а денес УЕФА објави нов датум за одржување на историскиот натпревар за двете селекции.
На денешниот состанок на УЕФА меѓу другото беше донесена и одлука полуфиналето на Лигата на нации да се игра на 8 октомври, додека финалната средба која носи пласман на Европското првенство е закажана за 12 ноември.
Доколку Македонија го победи Косово, избраниците на селекторот Игор Ангеловски за противник во финалето ќе ја имаат селекцијата која ќе победи на мечот меѓу Грузија и Белорусија, а тој натпревар би го играле на гостински терен.