Поранешниот аргентински напаѓач Карлос Тевез се одлучил за клубот во кој ќе ја започне тренерската кариера, објавија медиумите во Аргентина.
Според истите, Розарио Централ ќе биде неговиот прв клуб. Аргентинецот верува дека е подготвен да стане тренер, но е многу возбуден поради новиот предизвик. На 4 јуни, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Аргентина, Карлос Тевез објави дека се повлекува од фудбалот. 38-годишниот спортист призна дека не можел да продолжи да игра по смртта на неговиот посвоител Сегундо Раимундо, кој почина во февруари 2021 година поради компликации предизвикани од коронавирусот.
Последен клуб на Тевез беше Бока Јуниорс, кој напаѓачот го напушти во 2021 година. Претходно аргентинскиот фудбалер настапуваше за Коринтијанс, Вест Хем Јунајтед, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и други екипи.