Реал Мадрид објави на својот официјален Твитер профил список на играчи кои ќе конкурираат за настап на мечот со Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Играчот за врска Федерико Валверде, на кого неодамна му беше дијагностициран коронавирус, нема да им помогне на своите соиграчи за претстојниот натпревар.
Целосен список на играчи:
Голмани: Куртоа, Лунин, Алтубе.
Одбрана: Карвахал, Милитао, Варан, Начо, Марсело, Одриозола, Мигел.
Среден ред: Крос, Модриќ, Каземиро, Иско, Арибас, Бланко.
Напад: Азар, Бензема, Асенсио, Винисиус Жуниор, Маријано и Родриго.
Натпреварот Реал Мадрид – Челзи ќе се одигра утре на 27 април на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид. Почетокот е во стандардниот термин од 21 часот, а ќе суди Дани МекКели од Холандија.

