Еден од најголемите фудбалски натпревари во светот, шпанското „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, го доби терминот за одигрување во рамки од 10. коло на Ла Лига.
Шпанските медиуми денес информираа дека двата најголеми фудбалски клуба во Шпанија својата прва пресметка оваа сезона ќе ја имаат на „Камп Ноу“ на 28 октомври со почеток од 16:15 часот.
За Каталонците тоа ќе биде втор домашен натпревар во четири дена, затоа што само неколку дена претходно ќе им гостива Интер во рамки од Лигата на шампионите.
Реал, пак, ќе патува на теренот на својот голем ривал пет дена по мечот против Викторија Плзен кој исто така се игра во рамките на Лигата на шампионите.
Интересно е тоа што по цели девет години, ова„Ел Класико“ ќе биде без поранешната најголема звезда на Реал Мадрид , Кристијано Роналдо кој се прсели ова лето во Јувентус.