Замената на напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси во 76. минута од натпреварот со Лион беше диктирана од физичката состојба на играчот, пренесува „Л’Екип“.
Фудбалерот доби модринка над коленото за време на играта. Денес, Меси бил под медицински надзор. Да потсетиме, Лионел Меси, по замената, одби да се ракува со тренерот Маурисио Покетино. Во натпреварот од 6.коло на француската Лига 1, ПСЖ го победи Лион. Средбата заврши со резултат 2:1.
Во 54.минута првиот гол го постигна Лукас Пакета. Во 66.минута Нејмар го израмни резултатот со реализација на пенал. Лионел Меси помина 76 минути на теренот, тој беше заменет со Ашраф Хакими. Аргентинецот не постигна гол, но од слободен удар ја погоди гредата на голот на Лион. Во продолжението, победничкиот гол го постигна Мауро Икарди со асистенција на Килијан Мбапе.