Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждрепката за ¼ финалната фаза во Купот на Македонија.
Откако беа одиграни осминафиналните натпревари во средата, битката за трофејот во Купот ја продолжија осум екипи, а веќе се познати и паровите кои ќе се борат за пласман во полуфинале.
Најинтересно се очекува да биде во Скопје, на натпреварот меѓу Работнички и Шкупи, во Штип ќе се сретнат Брегалница и Воска Спорт, додека Брера ќе гостува кај Тиквеш, а бранителот на трофејот, Македонија ЃП на свој терен ќе го пречека Силекс.
Четвртфинале на Куп на Македонијa:
Брегалница – Воска Спорт
Тиквеш – Брера
Работнички – Шкупи
Македонија ЃП – Силекс
Натпреварите од оваа фаза се играат на 8.ноември во 13:00 часот.