Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по пат на ждрепка ги одреди паровите за првото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) која стартува на почетокот на месец август.
Шампионот Шкендија одбраната на титулата ја започнува во Кавадарци каде ќе биде гостин на Тиквеш. Вториот новајлија, екипата на Брегалница, ќе му биде домаќин на Шкупи. Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Пелистер, а Работнички ќе го пречека Борец.
ПМФЛ, 1. КОЛО
Академија Пандев – Струга Трим Љум
Работнички – Борец
Тиквеш – Шкендија
Ренова – Скопје
Брегалница – Шкупи
Македонија ЃП – Пелистер
Првото коло во ПМФЛ ќе се игра на 7/8 август.

