Познати се кандидатите за наградата најдобар тренер на август во Премиер лигата. За истата според постигнатите резултати ќе конкурираат:
Микел Артета ( Арсенал ) – 5 победи во 5 натпревари;
Антонио Конте ( Тотенхем ) – 3 победи и 2 нерешени во 5 натпревари;
Пеп Гвардиола ( Манчестер Сити ) – 4 победи и нерешено во 5 натпревари;
Грем Потер (Брајтон) – 3 победи, нерешено и пораз во 5 натпревари;
Марко Силва (Фулам) – 2 победи, 2 нерешени и пораз во 5 натпревари.
Гласањето за најдобар тренер во август е на веб-страницата на Премиер лигата ќе трае до понеделник, 12 септември. Одлуката за победникот ќе биде донесена врз основа на гласањето на навивачите, како и мислењата на експертите. Резултатите ќе бидат објавени следната недела.