Откако беше одигран последниот 1/8 финален натпревар на СП во Русија познати се и комплетните 1/4 финални двојки, односно кој против кого ќе игра во оваа фаза од СП во Русија. Англија успеа на пенали да ја совлада селекцијата на Колумбија и последна да обезбеди пласман меѓу најдоврите 8 селекции на ова СП.
Денес и утре се денови на одмор на СП и за подготовка на репрезентациите за она што ги очекува во петок и сабота, а тоа се 1/4 финалните пресметки. Секако дека најголемо внимание предизвикува дуелот меѓу Бразил и Белгија, ништо понеинтересен нема да биде дуелот меѓу Франвција и Уругвај. Домашната селекција на Русија која игра со Хрватска ќе донесе многу возбуда кај домашната фудбалска јавност.
Четвртфинални двојки:
Франција – Уругвај (6 јули, Нижни Новгород)
Бразил – Белгија (6 јули, Казан)
Шведска – Англија (7 јули, Самара)
Хрватска – Русија (7 јули, Сочи)
Полуфиналните натпревари според планот се играат на 10 и 11 јули. Мечот за трето место ќе биде одигран на 14 јули, а финалниот натпревар на стадионот „Лужники“ во Москва ќе биде одигран на 15 јули со почеток во 17:00 часот.