Европската фудбалска федерација – УЕФА, денес ја одржа ждрепката за осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Во седиштето на УЕФА во Нион беше одредено кој против кого ќе игра во фазата на елиминации во Лигата на шампионите.
Еве како изгледаат натпреварувачките парови за оваа фаза од елитното натпреварување:
Осминафиналните парови во Лигата на шампионите:
Порто – Арсенал
Наполи – Барселона
ПСЖ – Реал Сосиедад
Интер – Атлетико Мадрид
ПСВ Ајнтховен – Борусија Дортмунд
Лацио – Баерн Минхен
Копенхаген – Манчестер Сити
РБ Лајпциг – Реал Мадрид
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2023/12/Dvojki-Liga-na-sampioni.jpg)
Првите натпревари ќе се играат на 13 и 14, односно 20 и 21 февруари. Реваншите пак се закажани на 5 и 6 март, односно 12 и 13. Веднаш потоа ќе се одржи и ждрепката која ќе го одреди патот до финалето, извлекувајќи ги четвртфиналните парови и кој како вкрстува во полуфиналето.
Финалниот натпревар оваа година се игра на лондонски „Вембли“ на 1 јуни.