Познати се натпреварувачките двојки и за треттото по квалитет натпреварување во организација на УЕФА, Конференциската лига.
Шеснаесет тима беа дел од ждрепката. Осум клубови кои завршија на второто место во групите во Конференциската лига, а останатите учесници се третопласираните тимови од Лига Европа. Македонија има два преставника во имињата на Енис Барди со Трабзонспорт кој ќе се сретне со Базел, а Иван Тричковски и АЕК Ларнака одат на мегдан со Днипро.
УЕФА Конференциска лига плеј-оф:
Карабах – Гент
Трабзонспор – Базел
Лацио – Клуж
Бодо/Глимт – Лех Познањ
Брага – Фиорентина
АЕК Ларнака – Днипро -1
Шериф Тираспол – Партизан
Лудогорец – Андерлехт

Плеј-оф натпреварите се закажани за 16 и 23 февруари наредната година. Победниците продолжуваат во 1/16-финалето во Конференциската лига, а останатите ја завршуваат европската авантура.
Првата нокаут фаза се игра на 9 и 16 март, четвртфиналето е закажано за 13 и 20 аптил, полуфинланите мечеви ќе се одиграат на 11 и 18 мај, а големото финале ќе се случи на 7 јуни, во Прага.