Екипите на Брегалница, Шкендија, Академија Пандев и Струга си обезбедија место во полу-финалето на фудбалскиот Куп откако извлекоа поволни резултати во денешните реванш мечеви од 1 /4 финалната рунда.
Работнички и Шкендија одиграа 2 спрема 2 на теренот во Скопје по што тетовци благодарение на повеќе голови постигнати на гости одат понатаму откако на првиот меч беше 1:1. На стадион „Градска Плажа“ во Струга, екипата на Брегалница славеше против домаќинот Лабуништа со 4 спрема 1 со што само ја потврди победата од првиот меч.
На „Градски“ во Тетово, Струга успеа да ја победи Ренова со 2 спрема 1 што преставува и вкупен резултат на двомечот бидејќи во првиот дуел мрежите мируваа. На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, екипите на Академија Пандев и Шкупи одиграа 1:1. Тоа беше доволно за домаќините да продолжат кон завршнивата на Купот бидејќи на првиот меч во Скопје славеа со 1:0.

