Денеска во Нион беа одредени двојките за завршните елиминации за пласман во Лигата на фудбалските шампиони.
Хрватскиот Динамо Загреб ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Лудогорец и Карабах а „црвено-белите“ од Белград ќе играат против подобриот од двомечот Јагелонија – Бодо.
На другите терени ќе играат:
Јанг Бојс – Галатасарај
Мидтјиланд/Ференцварош – Слован Братислава/АПОЕЛ
Малме/ПАОК – Спарта Прага/ФЦСБ
Динамо Киев/Ренџерс – Салцбург/Твенте
Славија Прага/Унион СГ – Лил/Фенербахче
Првите мечеви ќе се реализираат на 20 и 21 август а реваншите ќе бидат седум денови подоцна.

