Синоќа беа извлечени групите за претстојното издание на „Копа Америка“ кое оваа година ќе се одржи во Бразил, а главни фаворите за освојување на трофејот секако се домашната селекција на Бразил и Аргентина.
Домаќинот Бразил се наоѓа во групата А, заедно со селекциите на Боливија, Венецуела и Перу.
Во групата Б ќе играат Аргентина, Колумбија, Парагвај и Катар, кој ќе настапи на ова натпреварување откако доби специјална покана за учество.
Групата Ц ја сочинуваат актуелниот шампион Чиле потоа Уругвај, Еквадор и репрезентацијата на Јапонија, која исто така ќе биде гостин.
Бразил кој е домакин ќе се обиде да стигне до својата прва титула на домашен терен по 2007 година, а шампионатот ќе биде започне на 14 јуни и ќе трае до 4 јули 2019 година.