Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Познати се сите директни патници за Катар и бараж натпреварите
    Фудбал

    Познати се сите директни патници за Катар и бараж натпреварите

    risteBy riste17/11/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По одигрувањето на последните натпревари од квалификациите во Европа, веќе се познати сите 10 победници во групите кои директно се квалификуваат за претстојното Светско првенство во Катар во 2022 година.

    Веќе ги знаеме екипите кои завршија на второто место во своите групи, кои одат во баражот. На нив мора да се додадат двете најдобри селекции во Лигата на нации, кои не се пласираа во квалификациите, но ќе играат и во баражите, кои ќе ги одредат последните три селекции кои ќе најдат место на Светското првенство.

    Ждрепката ќе биде извршена на 26 ноември, а 12-те екипи кои се поделени во две групи од по 6 екипи – носители и неносители ќе бидат поделени во 3 групи по четири екипи. Во една група ќе има две полуфиналиња, на кои домаќини ќе бидат екипите кои се носители. Ќе има и посебна ждрепка во која однапред ќе се одредат домаќините за трите финалиња.

    Победници во групите кои директно се пласираа на Светското првенство:
    Белгија, Хрватска, Данска, Англија, Франција, Германија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Холандија

    Второпласирани:
    Италија, Македонија, Полска, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска, Украина, Турција и Велс

    Квалификувани од Лигата на нации:
    Австрија и Чешка

    Носители: Италија, Португалија, Русија, Шведска, Шкотска и Велс
    Неносители: Украина, Полска, Турција, Македонија, Австрија и Чешка

    https://twitter.com/EURO2024/status/1460727877637451789

    Полуфиналето во баражите ќе се игра на 24/25 март 2022 година, додека трите финалиња кои ќе ги одредат последните претставници од Европа ќе се играат на 28/29 март 2022 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.