Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Познати се сите учесници од Македонија на ЛОИ во Токио
    Домашен микс

    Познати се сите учесници од Македонија на ЛОИ во Токио

    risteBy riste12/07/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    МОК ја објави листата на спортисти кои ќе настапат на престојните ЛОИ во Токио.

    Конечната листа на најдобрите македонски спортисти – Олимпијци кои ќе настапат на одложените Олимписки игри ТОКИО 2020 (23 Јули – 8 Август 2021 година) е следната:

    1. Блажевска Еминова Миа – пливање 100 м.
    2. Бранковски Борјан – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
    3. Георгиевски Дејан – таеквондо – +80 кгр
    4. Деркоски Филип – пливање 400 м.
    5. Јованоска Пулексенија – карате – Ката
    6. Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил – 97 кгр
    7. Реџепи Арбреша – џудо – 52 кгр
    8. Стојоски Јован – атлетика 400 м.

    Првата група спортисти, членови на Олимписката делегација на МОК ќе заминат за Токио на 16 Јули 2021 година (Скопје – Виена – Токио).

    Први од македонските спортисти ќе настапат Филип Деркоски (пливање – 400 м.) и Борјан Бранковски, спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол кои на Олимписките игри ќе настапат на 24 јули.

    Арбреша Реџепи (џудо – 52 кгр) ќе настапи на 25 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во нејзината категорија.

    Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр ќе настапи на 27 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во неговата категорија.

    Миа Блажевска Еминова ќе настапи на трката на 100 м. (пливање) на 28 Јули.

    Јованоска Пулексенија (карате, кати) ќе настапи на 5 Август, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал.

    Стојоски Јован (атлетика) во трката на 400 м. ќе настапи на 1 Август, а финалето на оваа трка е на 2 Август 2021 година.

    Последен на Олимписките игри ТОКИО 2020 ќе настапи Нуров Магомедгаджи (борење слободен стил, 97 кгр.). Неговите борби во осмина финалето започнуват на 6 Август, а следниот ден ќе се одржат и борбите за медал во оваа категорија.

    Шеф на македонската олимписка делегација на одложените Олимписки игри ТОКИО 2020 ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, а во делегацијата одговорен за здравствениот статус на македонските олимпијци ќе биде д-р Небојша Настов.

    Најдобрите македонски спортисти кои ќе учествуват на одложените Олимписки игри Токио 2020 ќе го имат своето официјално претставување за јавноста на 14 Јули, во просториите на МОК (Бул. АСНОМ бр.1, Спортски центар Јане Сандански, Аеродром, Скопје), со почеток во 11:30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Крстевски: имаме доволно време за добри подготовки

    09/08/2022

    Стартуваше 46. издание на одбојкарскиот Меморијал „Чајка“

    05/08/2022

    12-годишниот Ѓурчиновски со четири победи на младинското ЕП во билијард

    03/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барди : дојдов да го исполнам сонот за ЛШ
    • Атаман полека го крои составот
    • Хол се огласи на социјалните мрежи
    • Анчелоти: победите не мотивираат
    • „Кариоките“ не сакаат да го доиграат дуелот со Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.