Аргентина и Полска од групата „Ц“ и Франција и Австралија од групата „Д“ обезбедија место во елиминациската фаза на фудбалскиот Мундијал во Катар.
„Гаучосите“ предводени од Лео Меси успеаја да ја победат Полска со 2-0 во последното коло и да го запоседнат врвот додека Полјаците се протнаа низ иглени уши во наредната рунда откако Мексико ја совлада Саудиска Арабија со 2-1 но, поради послабата гол-разлика остана на третата позиција. Во групата „Д“, Франција загуби од Тунис со 1-0 но, како прва оди во наредната фаза. Австралија пак, оствари голема победа против Данска и си го продолжи престојот во Катар.
Сега во осминафиналето, Аргентина в сабота ќе игра со Австралија (20.00) додека в недела од 16.00 часот Франција ќе излезе на мегдан со Полска.