Поранешниот селектор на Англија, Гарет Саутгејт, е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед доколку Рубен Аморим биде отпуштен. Сепак, 55-годишниот менаџер стравува дека раководството на „Црвените ѓаволи“ ќе бара моментални резултати од него, според весникот „САН“.
Според извор, Саутгејт верува дека на Манчестер Јунајтед би му биле потребни до четири години за да изгради тим способен да се бори за Лигата на шампионите под негово водство. Англичанецот сака „Црвените ѓаволи“ да му гарантираат долгорочен план доколку ја преземе екипата.
Герет Саутгејт беше селектор на Англија од 2016 до 2024 година. Под негово водство,оваа репрезентација двапати стигнаа до финалето на Европското првенство.

