Откако беа одиграни осумте натпревари од полуфиналето на Лигата на нации, познати се сите четири финални парови, од кои ќе ги добиеме последните учесници во групната фаза на Европскиот шампионат.
Македонија обезбеди пласман во финалето и ќе игра со Грузија, додека Србија беше подобра од Норвешка на гостински терен и си обезбеди финале против Шкотска во Белград. Од поранешните југословенски простори Босна и Херцеговина е елиминирана од Северна Ирска по подобро изведување на пенали.
Лига на нации (финални натпревари):
Грузија – Македонија
Унгарија – Исланд
Северна Ирска – Словачка
Србија – Шкотска
Сите натпревари се играат на 12 ноември, а победник мора да има во регуларни 90 минути или по продолжение или пенали.
Доколку Македонија биде подобра од Грузија на овој финален натпревар , на следното ЕП ќе игра во група со Холандија, Украина и Австрија.

