По одигрувањето на последните натпревари од ова коло во ФА купот на Англија, познати се сите учесници и парови од 1/8 финалето на ова натпреварување.
Секако дека дербито се игра на „Стемфорд Бриџ“ каде Челзи ќе го пречека Ливерпул, додека бранителот на титулата Манчестер Сити ќе го има за противник Шефилд Венсдеј на гостински терен.
Натпреварувачки парови за осминафинале на ФА куп:
Челзи – Ливерпул
Шефилд В. – Манчестер Сити
Ридинг – Шефилд Јунајтед
ВБА – Њукасл
Лестер – Бирмингем
Дерби Каунти – Манчестер Јунајтед
Тотенхем – Норвич
Портсмут – Арсенал
Натпреварите од оваа фаза на турнирот ќе се одиграат од 2 до 5 март. Актуелен победник на турнирот е Манчестер Сити, кој во финалето во 2019 година го победи Вотфорд со резултат 6:0.