Вчера се одиграа натпреварите од последното коло во групната фаза на Лигата на Европа, по што станаа познати сите екипи кои ќе ја продолжат битката за трофејот. Победниците во групите директно се квалификуваа за осминафиналето, а второпласираните во групите, како и екипите кои доаѓаат од Лигата на шампионите, ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето.
Директно во 1/8-финалето се најдоа: Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург, Ференцварош, Бетис, Арсенал, Фенербахче, и Ројал Унион.
Во плеј-оф рундата за пласман во осминафиналето ќе мора да играат второпласираните тимови од групите и тоа: Манчестер Јунајтед, Митјиланд, Нант, Монако, ПСВ Ајндховен, Рен, Рома и Унион (Берлин), како и третопласираните од ЛШ: Ајакс, Баер (Леверкузен), Барселона, Спортинг (Лисабон), РБ Салцбург, Шахтјор (Донецк), Севиља и Јувентус. Ждрепката за двојките е во Нион в понеделник од 13 часот.